Скопје/Статии/Тренди јакни за есенската и зимската сезона

Статии

Тренди јакни за есенската и зимската сезона

Кога доаѓа есента и температурите започнуваат да паѓаат сигурно секој пат ви се случува да отворите во плакарот и да се разочарате кога ќе видите дека немате ниедна модерна јакна или капут. Но, тоа повеќе немора да биде така бидејќи оваа сезона изобилува со најразлични модели на јакни и капути со кои истовремено ќе изгледате модерно и ќе бидете стоплени. Во продолжение погледнете кои се најтренди јакни за оваа есенска и зимска сезона.

Јакни со интензивни бои

Извор: www.facebook.com



Со овие јакни со интензивни бои нема да останете незабележани. Одберете ваков модел доколку сакате да ги разведрите тмурните есенски и зимски денови.

Карирани јакни

Извор: www.facebook.com



Овие јакни се одлично модно парче кое може да се комбинира во кезуал или дотерана варијанта. Карираниот дезен е толку универзален што би можеле да го носат и жените и мажите.

Јакни со постава

Извор: www.facebook.com


Поставените јакни со крзнени детали се идеални за есенскиот период. Тие оставаат впечаток на луксуз и со нив секогаш изгледате средени без да потрошите многу време за тоа.

Јакни од еко-кожа

Извор: www.facebook.com



За сите кои имаат посмел стил на облекување овие јакни се вистинскиот избор. Одлични се во комбинација со добар пар фармерки или пак со долга суќња или фустанче.

Доколку ви е потребна нова јакна искористете го овој купон за попуст и набавете си некој од овие тренди модели по намалена цена.

Коментари

Остави коментар

Ве молиме напишете читко, без користење навредлив и вулгарен јазик.