Маврово е едно од најубавите планински места во Македонија со прекрасни пејсажи и разновидна флора и фауна. Идеално вклопено во планинскиот амбиент, Маврово е место кое пружа најразлични активности во текот на целата година. Овој викенд со почеток во петок (16.08.2024) ќе се одржи Еко Грин Фест токму во Маврово, поточно на брегот на Мавровското езеро.
...