Општи услови

Општи услови за користење на услугите кои се достапни преку Getlokal веб-саjтот (Услови за користење)

Овој документ ги содржи општите услови од Договорот за користење  информатичките услуги и ресурсите што ги обезбедува „Getlokal-Бугарија“ ЕООД преку Getlokal веб-сајтот и ги регулира односите меѓу „Getlokal-Бугарија“ ЕООД и секој корисник на услугите кои се достапни преку иформациските услуги и ресурси на  веб-сајтот на Getlokal.
 

I. Дефиниции

 

За целите на примена и толкување на Условите за користење, поимите и изразите ќе го имаат следното значење:

1.1.  IP – адреса“ е единствен индентификациски број, поврзан со уред, веб страница или Кориснички ресурс, на начин кој овозможува нивно локализирање на интернет.

1.2. Getlokal веб-сајт е веб-сајт кој е во сопственост на Getlokal, преку кој на Корисниците им се обезбедуваат различни информациони услуги и извори, кои се предмет на овие Услови за користење. Различните домејни (вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на getlokal.com, getlokal.ro и getlokal.mk, getlokal.rs и getlokal.fi) ги насочуваат корисниците кон различните јазични верзии на веб-сајтот Getlokal.

1.3.  Веб-сајт” е посебно место во рамките на глобалниот Интернет до кое се пристапува преку единствена адреса (URL) според HTTP or HTTPS протокол и содржи датотеки, текст, програми (софтвер), звук, слика, фотографија, електронски линкови или други материјали и ресурси.

1.4.  „Корисничка содржина“ е секој текст, фотографија или друга графичка содржина, мултимедијална содржина, екектронски линк, вклучувајќи ги сите мислења или рангирања или, соодветно на тоа секој одговор што кој било Корисник го испраќа на серверот на  Getlokal, така што до него, преку  Getlokal вебсајтот можат да пристапат сите и некои од Корисниците. 

1.5.  „Корисник“ е секое лице кое ги користи информатички услуги и ресурси  што се пружаат преку Getlokal веб-сајтот.  

1.6. „Нерегистриран корисник“ е секој Корисник кој не ги исполнува критериумите за Регистриран корисник.

1.7.  „Шифра“ е единствена комбинација од букви, цифри и/или симболи кои ги избира Корисникот, а кои што заедно со адресата на е-поштата или Корисничкото име што Корисникот го определил при неговата/нејзината регистрација, го користи за да пристапи до неговата /нејзината корисничка сметка.

1.8. „Регистриран корисник“ е Корисникот кој успешно ја поминал постапката за регистрација и креирал Кориснчка сметка за да ги користи услугите што се достапни преку Getlokal веб-сајтот.

1.9.  „Корисничка сметка“ е посебен дел од Getlokal веб-сајтот кој содржи информации за регистрираниот корисник, како што тоа го бара од Getlokal пред регистрацијата и кои ги чува Getlokal, а Корисникот остварува пристап до Корисничката сметка преку внесување на адресата на е-поштата или Корисничкото име и Шифрата која ја определил пред нејзината/неговата регистрација. Корисничката сметка му овозможува на Регистрираниот корисник да користи одредени Услуги со ограничен пристап, да го конфигурира користењето на Услугите, да додава, менува и ажурира податоци за себе, да го прекине со користење на Услугите, да ја промени адресата на е-поштата што ја определил пред регистрацијата и неговата/нејзината Шифра, да префрли и отстрани  Корисничка содржина што претходно ја поставил итн. Корисничката сметка може да биде или Лична, или Страна на местото.  

1.10. „Лична сметка“ е Корисничка сметка на физчко лице, која регистрираниот корисник ја користи за лични, некомерцијални цели. Личната сметка содржи информации за Регистрираниот корисник и неговата/нејзината активност на  Getlokal веб-сајтот.  

1.11. Страна на местото“ (Страна) (Place Page” (“Page”)е вид на Корисничка сметка која е креирана и се користи за презентирање и рекламирање на активностите, услугите и производите на одредено правно лице, занаетчија или самовработено лице и слично, на  Getlokal веб-сајтот. Страната на местото ја регистрира соодветното правно лице, занаетчија, самовработено лице и слично.  

1.12.  „Корисничко име“ е единствен код, составен од букви, бројки и симболи кои ги избира Регистрираниот корисник и со кои, заедно со Шифрата што тој ја избира, тој/таа се идентификува себеси на Getlokal веб-сајтот и добива пристап до нејзината/неговата Страна на местото.

1.13. Getlokal” е “Getlokal Бугарија ЕООД, друштво со ограничена одговорност на едно лице, кое е инкорпорирано и постои во согласност со законите на Република Бугарија и има седиште и регистрирана канцеларија во 1408 Софија, на улица Балша бр.1, Блок 9, Кат 4, регистрирано при Трговскиот регистар на Агенцијата за регистрација со Единствен матичен број 202040629, тел.: +359 2 805 15 60, адреса на e-меjл: info[at]getlokal[dot]com (е-мејл адресата е напишана на овој начин со цел да не заштити од SPAM;Ве молиме заменете ги [at] со @, и [dot]со ‘.’), и кое ги пружа услугите кои се предмет на овие Услови за користење. Getlokal е субјект кој е регистриран во согласност со Законот за данок на додадена вредност.

1.14. „Линк“ е врска (референца), дизајнирана на одредена интернет страница која овозможува автоматско проследување до друга Интернет страница, информатички ресурс или објект кој користи стандардни протоколи.

1.15. „Комерцијални комуникации“ се рекламните и други комуникации кои директно или индиректно ги презентираат стоките, услугите или состојбите на лице што е ангажирано во комерцијална или занаетчиска активност, или пак обавува некоја законска професија. 

1.16. „Сервер“ е уред или систем од поврзани уреди на кој е инсталиран системскиот софтвер за да извршува задачи кои се поврзани со чување, процесирање, примање или испраќање информации.

1.17. Злонамерни дејства" се дејствија или состојби, кои ја кршат интернет етиката или предизвикуваат штета врз лица кои се поврзани на Интернет или сродни  мрежи, како и испраќање на несакани комуникации (Спам, несакана пошта), усмерувања, добивање пристап до ресурси преку користење нечии права и шифри, користење на несовршеноста на системот во сопствена корист или за стекнување  информации („Hack“), извршување активности кои може да се оквалификуваат како индустриска шпионажа или саботажа, оштетување или уништување на системи или информации масиви („Crack“), испраќање на "Тројански коњи" или предизвикување инсталација на вируси или неовластено далечинско управување на системи, нарушување на нормалното работење на  Интернет и сродните кориснички мрежи, извршување какви било дејства кои можат да бидат квалификувани како кривични дела или службени прекршоци според законодавството на Бугарија или другите важечки закони.

1.18. Веб-страница” е составен дел на веб-сајтот.

1.19. „Информатички систем / Систем“ е секој поединечен уред или комбинација од поврзани или слични уреди, кои се, или пак еден од нив е дизајниран да чува, испраќа и прима елекронски документи. 

1.20. Случаен настан” е ситуација од невообичаена природа што е непредвидлива во моментот на склучување на договорот и поради која  доставувањето на Услугите е објективно невозможно.

1.21. „Услуги“ се услугите што се пружат преку Getlokal веб-сајтот.

1.22. „Лични податоци" се сите информации поврзани со физичко лице кое е идентификувано или може да се идентификува; лице кое може да се идентификува е она лице што може да се идентификува директно или индиректно, попрецизно со повикување на број за идентификација или на еден или повеќе фактори кои се специфични за неговиот/нејзиниот физички, психички, ментален, економски, културен, социјален или друг идентитет.

1.23. „Процесирање на лични податоци“ (процесирање) е секоја операција или збир од операции која се врши врз личните податоци, како што се собирање, снимање, организирање, чување, адаптирање или изменување, пронаоѓање, консултирање, користење, откривање преку трансмисија, дисеминација или друго пристапување, прилагодување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување.  

1.24. „Дата процесор (Обработувач на податоци)“ е физичко или правно лице, приватно или јавно, вклучувајќи јавен орган или институција, кој поседува лични податоци во име на Getlokal.

1.25. „Директен маркетинг“ е промоција на производи и услуги, која е адресирана директно до физичките лица преку средства како што се пошта, вклучувајќи и електронска пошта (е-пошта), телефон или други средства за маркетинг на растојание, како и испитувања за целите на маркетинг истражувањата.

 

II. Предмет

 

2.1. Преку Getlokal веб-сајтот, Getlokal на Корисникот му ги доставува  Услугите што се наведени во овие Услови за користење, под услови кои строго ги  почитуваат барањата од Условите за користење, кои се наведени во нив.   

2.2. Некои од Услугите што се доставуваат може да се користат без претходно да се направи прелиминарна регистрација. Тие вклучуваат, но не се ограничуваат на услуги поврзани со пребарување и остварување пристап до Корисничката содржина и други информации во форма на текст, видео материјали, слики итн., применети  на Getlokal веб-сајтот, како и други услуги што им се дозволени на Нерегистрираните корисници на Getlokal веб- сајтот.  

2.3. Некои од Услугите што се доставуваат може да се користат само откако Корисникот ќе ја изврши прелиминарната регистрација и ќе креира Корисничка сметка (Лична сметка или Страна на местото). Овие услуги вклучуваат, но не се ограничуваат на услуги кои обезбедуваат слободен простор на дискот на Getlokal серверот, кој Корисникот може да го користи за да објави и чува информации во форма на слики, текст, видео материјали итн. (Корисничка содржина), креирање Корисничка сметка согласно критериумите определени од страна на Getlokal, како и други услуги кои им се одобрени на Регистрираните корисници на Getlokal веб страницата.

2.4. Услугите што се доставуваат не вклучуваат обезбедување на компјутер или друга опрема за клиентот (терминални уреди за интернет пристап) и врска за пренос на информатички пакети меѓу соодветниот Корисник и веб страницата, кои се неопходни за остварување пристап до Getlokal веб-сајтот. Getlokal не сноси одговорност доколку корисникот не може да оствари пристап поради проблеми кои не се под контрола на Getlokal (хардверски, софтверски проблеми, проблеми со интернет поврзувањето итн).

2.5. Поради фактот што Услугите што ги доставува Getlokal се разновидни и постојано се прошируваат и модифицираат во смисла на нивно подобрување и проширување, бројот и карактерот на услугите што се доставуват, како и  режимот за доставување на услугата (бесплатно со креирање на сметка или со креирање сметка и плаќање), истите  Getlokal може да ги измени во кое било време.

 

III. Прифаќање на условите за користење

 

3.1. Овие Услови за користење се применуваат во поглед на односите на Getlokal со Регистрираните корисници. Условите за користење, исто така се користат за односите на Getlokal со Нерегистрираните корисници, во случај правата на Корисниците да се ограничени во смисла на користење на Услугите што се наведни во член 2.2.

3.2. Текстот на овие Услови за користење е достапен на интернет, на следната веб страница http://www.getlokal.mk/mk/page/terms-of-use, во форма која дозволува чување и репродукција. Линкот  со Веб страницата кој го содржи текстот на Условите за користење е прикажан на секоја страница на Getlokal веб-сајтот. Со секое користење на информатичките услуги и ресурсите на Getlokal веб-сајтот, вклучувајќи  отварање на Веб страницата на Getlokal веб-сајтот, а и со кликање на Линкот што е прикажан на почетната страница или секоја друга Веб страница на Getlokal веб-сајтот, Корисникот се согласува со нив и се обврзува истите да ги почитува. Доколу некој Нерегистриран корисник не се согласи со некое од барањата што се наведени во Условите за користење, тој нема да го користи Веб-сајтот на Getlokal или некоја од  Услугите.

 

IV. Регистрација

 

4.1. За да ги користи Услугите што се определени во член 2.3 од овие Услови за користење, Корисникот креира Сметка со пополнување на соодветнен обрзец за регистрација, кој е достапен  on-line на следната Веб страница http://www.getlokal.mk/mk/register – за креирање Лична сметка или пак соодветно, доколку се креира Место на следните Веб страници - http://www.getlokal.mk/mk/d/userSettings/companySettings или  http://www.getlokal.mk/mk/d/company/addNewCompany; и со согласување со овие Услови за користење.

4.2. Корисникот ги пополнува сите полиња кои во образецот за електронска регистрација се означени како обврзни.

4.3. Кога Корисникот креира сметка, со означување на полето „Се согласувам со условите за користење и заштита на информациите на Getlokal веб-сајтот“ во текот на регистрацијата и со кликање на копчето за онлајн „Регистрација“, Корисникот дава јасна електронска изјава во смисла на Законот за електронски документ и електронски потпис на Бугарија, со која тој/таа изјавува дека е согласнен/согласна дека ги прочитал/а дадените Услови за користење, дека се согласува со нив и се обврзува истите да ги почитува. Со негова регистрација на соодветниот информациски носач на Серверот на Getlokal, преку соодветен стандард за техничка конверзија која овозможува репродукција, електронската изјава добива статус на електронски документ во смисла на значењето на горе споменатиот закон. Getlokal може на својот Сервер да чува записна датотека со IP-адресата на Корисникот, како и други информации кои се потребни за идентификација на Корисникот и репродукција на електронската изјава на Корисникот за согласност со Условите за користње, во случај да произлезат правни несогласувања.

4.4. Доколку некое малолетно лице сака да се регистрира на веб-сајтот, со неговата/нејзината регистрација ја изјавува и согласноста на неговите/нејзините родители или законски старатели со Условите за користење. На Getlokal веб-сајтот не е дозволена регистрација на малолетни лица како Регистрирани корисници. Лицата со родителски права, старателите или туторите на тоа малолетно лице сносат одговорност за сите прекршувања што тоа ги направило кон Getlokal и трети лица при процесот на регистрација или користење на Услугите, како и за сите повреди кои произлегуваат од невистинити податоци или неавтентичност на изјавата, определена во оваа точка од Условите за користење, погоре.

4.5. Регистрацијата на Страна на местото која се однесува на правно лице се прави од страна на законски овластено лице кое е ополномоштено да го преставува субјектот во поглед на регистрација. При процесот на регистрација, тој изјавува дека му се доделени неопходните овластувања да даде согласност со Условите за користење во име на тој правен субјект, за да ги извршува соодветните правни и фактички дејствија при користење на Услугите што се достапи на Страната на местото, од име на правниот субјект. Во случај лицето да дејствува како претставник на правен субјект, без да ги поседува овластувањата за претставување, лицето кое ја пополнува регистрацијата е одговорно за сите повреди кои настанале кон тој субјект, кон Getlokal и сите трети страни, а се резултат на дејствијата што ги извршило лицето кое не поседува овластувања за претставување.

4.6. При пополнување на образецот за електронска регистрација, Корисникот е должен да ги внесе неговите целосни и точни податоци за идентификација, соодветно и податоците за идентификација на правниот субјект – носител на регистрираната Корисничка сметка, како и другите информации кои се бараат во образецот за електронска регистрација; секоја измена на горе наведените податоци се доставува во рок од 7 дена од нивната промена. Корисникот гарантира дека податоците што се презентирани во моментот на регистрација се точни, целосни и прецизни и дека во случај на нивна промена тој навемено ќе ги ажурира. Getlokal има право веднаш, без претходно соопштение да го прекине или сопре доставувањето на Услугите и поддршката на Корисничката регистрација. Во тој случај, прекинот на доставување на Услугите се смета за автоматско раскинување на договорот.     

4.7. Пред да ја потпише изјавата од член 4.3, Корисникот може без било какви ограничувања да ги корегира информациите што тој/таа ги внел во образецот за регистрација.

4.8. Во случај на одбивање на обавезните информации во образецот за електрнска регистрација,  Getlokal е овластен да ја отфрли регистацијата.

 

V. Регистрација преку Facebook-поврзување

 

5.1. Освен со механичко пополнување на обрзецот за електонска регистрација, Корисникот може, исто така да регистрира Корисничка сметка на Getlokal веб страницата преку својот Facebook профил – социјална мрежа за комуникација - преку Facebook услугата за поврзување. При креирање Корисничка сметка преку Facebook поврзување, сите или некои од податоците што се потребни за регистрација директно и автоматски се испраќаат од Facebook сметката на Корисникот и истите ги прима Getlokal. Со аплицирање за регистрација на Getlokal страницата преку Facebook пооврзување, Корисникот дава своја согласност неговите податоци од  Facebook сметката (www.facebook.com) да бидат пристапни и дозволени од  Facebook (Facebook Inc., Facebook Ireland Limited, како и од друго лице кое учествува во услугите што ги доставува www.facebook.com веб страницата и кое поседува податоци за Корисникот) на Getlokal.

5.2. Facebook поврзувањето не е услуга што ја обезбедува Getlokal, Употребата на оваа услуга од страна на Корисникот се врши во негово/нејзино име, во согласност со важечките услови за користење и политики за приватност и процесирање на лични податоци. Користењето на Facebook поврзувањето не е регулирано со овие Услови за користење и не е нивни предмет. Facebook поврзувањето може да се користи само за регистрација на Лична сметка.

 

VI. Склучување на Договорот

 

6.1. Договорот меѓу договорните страни стапува во сила во моментот кога се дава согласност на начинот кој е опишан во Поглавје IV и Дел V. Договорот се склучува на англиски јазик. Согласувајчи се со дадените Услови за користење, Корисникот се согласува комуникацијата со него да се врши преку е-пошта.  

6.2. По склучувањето на договорот, Getlokal веднаш, со испраќање порака на адресата на е-поштата што ја назначил Регистрираниот корисник го потврдува приемот на изјавата од член 4.3, која што порака го содржи името, регистрираната адреса, регистрацискиот број и податоците за контакт на Getlokal и Линкот со текстот од Условите за користење и Политика за користење и заштита на информациите на Getlokal веб сајтот, како и Линкот за потврда на регистрацијата.

6.3. Периодот на важност на договорот е:

6.3.1.За Нерегистрирани корисници – до прекинување на услугата што се користи;

6.3.2. За Регистрирани корисници – неопределен период, до прекинување во согласност со овие Услови за користење,

 

VII. Корисничка сметка

 

7.1. Корисничката сметка се активира и Регистрираниот корисник може да пристапи до неа по потврдувањето на регистрацијата, со кликање на Линкот за потврдување, определен во член 6 точка 2.

7.2. Информациите што Регистрираниот корисник ги доставува на својата Корисничка сметка се точни, прецизни и не доведуваат до спротивни мислења.

7.3. Регистрираниот корисник се обврзува да не ги открива своите шифри на трети лица и во случај на нерегуларен пристап веднаш да го извести Getlokal, како и во случај да насети можност за таква ситуација. Регистрираниот корисник се обврзува да преземе целосна грижа и неопходни мерки што во разумна мера се неопходни за да се заштитат сопствените шифри, и е целосно одговорен за сите дејствија што ги извршил тој или трети лица преку нивна употреба.

7.4. Getlokal не ги потврдува и нема одговорност за точноста на информациите што Регистрираниот корисник ги доставил при неговата регистрација или при користењето на Услугите, ниту имињата, името на правниот субјект што тој го наведува, а влијае врз правата на трети страни вклучувајќи право на име и други лични права, право на трговско име ( фирма ), право на ознака или друг вид права на интелектуална сопственост.

7.5. Страна на местото е вид на корисничка сметка регистрирана од страна на Корисникот кој е занаетчија, самовработено лице и слично, кое може со сопствено овластување или со полномошно да дејствува во име на корисникот-правен субјект кој има намера да ја презентира својата активност. Регистрацијата на Страна на местото може да се направи само по регистрација на Лична сметка од страна на лицето кое го пополнува соодветниот образец за регистрација, во согласност со одредбите од Поглавје VI и VIII. Без разлика на горе наведеното, Страна на местото претставува независна Корисничка сметка

 

VIII. Доставување на услуги

 

8.1. Услугите што Getlokal ги доставува преку Getlokal веб-сајтот се информатички општествени услуги во смисла на Законот за електронска трговија на Бугарија, а нивната содржина, условите за доставување и цените за нивно користење се објавени на веб страниците на Getlokal веб-сајтот.

8.2. Getlokal дава веб-пристап (во согласност со НТТР протокол), бесплатно за лична употреба, без разлика дали Корисникот се регистрирал согласно член 4 точка 3 од овие Услови за користење, за следните ресурси и Услуги:

8.2.1. Пристап до извори на информации, вклучувајќи текст, графика, аудио и видео материјали, бази на податоци и друго, кои ги развиле Getlokal, неговите партнери или други Корисници и ги објавиле на веб страницата на Getlokal веб-сајтот, вклучувајќи но не ограничувајќи се само на:

8.2.1.1. Getlokal Директориум: база на податоци која содржи информации за места (трговци, занаетчии, самостојни работници други добавувачи, комерцијални попусти, клубови и ресторани, обележја и многу други);

8.2.1.2. Getlokal Настани: база на податоци која содржи информации за различни настани како што се концерти, конференции, други културни, научни, бизнис или забавни настани;

8.2.1.3. Мислења на други Корисници за местата или настаните и другата Корисничка содржина на Getlokal веб-сајтот;

8.2.1.4. Линкови со веб-сајтови на трети лица – доставувачи на информации за социјални услуги и веб страници кои содржат различни информации, статистички податоци и сл. 

8.2.2. Можност за пребарување и остварување пристап до извори на информации што се прикажани на Getlokal веб-сајтот преку одредени клучни зборови или критериуми кои ги определува Kорисникот.

8.2.3. Други услуги и ресурси што им се достапни на Нерегистрираните Kорисници.

8.3. Користењето на одредени услуги е возможно само след прелиминарна регистрација и креирање корисничка сметка.Такви Услуги се:

8.3.1. можност регистрираниот корисник да креира Корисничка сметка согласно критериумите што ги утврдува Getlokal, на  Getlokal веб-сајтот да објавува информации за себе, да испраќа мислења за местата и настаните што се презентирани на Getlokal веб-сајтот, да испраќа друга корисничка содржина, да ја уредува својата, веќе испратена Корисничка содржина, да рангира одредени места (Страни на местото),  за кои испраќа мислења;

8.3.2. други услуги доставени до Регистрираните корисници преку Getlokal веб-сајтот;

8.4. Користењето на некои услуги е можно само преку корисничка сметка, а за други услуги - само преку Страна на местото. Тие услуги се наведени во овие Услови за користење и/или на Getlokal веб страницата на Getlokal веб-сајтот, каде што се даваат информации за нив.

8.5. Услугите кои даваат можност за доставување информации и рекламирање на одредени правни субјекти, трговци, самостони работници, како и за настани поврзани со нивните активности, може да се инплементираат само преку активна, регистрирана Страна на местото. Регистрацијата на Страна на местото може да се побара преку избор на место на Getlokal директориумот, или доколку такво место не е наведено на Getlokal директориумот, тоа може да се додаде со регистрација на Страна на местото. Регистрираниот корисник – носител на Страна на местото се смета за назначен во моментот на регистрацијата на правниот субјект, трговецот, самостојниот работник итн.

8.6. Страната на местото може да се администрира и Корисничката содржина може да се објавува од име на носителот преку:

8.6.1. лице кое ја извршило првичната регистрација на Страна на местото во согласност со условите од член 4.3, 4.5 и 4.6 (Мастер администратор); и

8.6.2. кое било друго лице, после регистрацијата и одобрението од страна на Мастер администраторот, согласно член 8.6.1, како Администратор.

8.7. Мастер администраторот и Администраторите имаат пристап до административниот дел што им овозможува да ја уредуваат содржината на Страната на местото, користејќи сопствено единствено корисничко име и Шифра. Секоја акција преземена за уредување од некои од нив по логирањето на административниот дел на Страната на местото се смета дека е преземен/направен од име на носителот на Страна на местото. Мастер администраторот може во секој момент да им ги одземе правата на сите други Администратори, при што корисничкото име на администраторот и шифрата се деактивираат и со истите понатаму нема пристап до административниот дел на Страна на местото.

8.8. На Страната на местото може да се објавуваат само кориснички содржини кои се тематски поврзани со одредена Страна на местото.

8.9. Страната на местото која е во рамки на Getlokal директориумот може да добива рангирање што може да се види заедно со другите информации за нив кои се достапни на Getlokal веб-сајтот, а се целосно засновани на просечниот резултат даден од страна на Регистрираните корисници кои испратиле мислења за соодветната Страна на местото.

Резултатот (рангирањето) на Страна на местото е дадено на скала за рангирање од 1 до 5, како што следува:

(5 звезди) – Одличен

(4 звезди ) – Многу добар

(3 звезди ) – Добар

(2 звезди ) – Доволен

(1 звезда ) – Недоволен

8.10. Исто така, на регистрираниот корисник – носител на Страна на местото, Getlokal може да му достави платени рекламни услуги кои се однесуваат на дополнителни можности за презентирање и рекламирање на неговите активности на неговата Страна на местото, во согласност со условите од општите услови за рекламирање на Getlokal веб-сајтот.

8.11. Личната сметка може да се користи единствено за лични некомерцијални цели. Заради избегнување на недоразбирање, Личната сметка не може да се користи за било какви рекламни цели. Преку Личната сметка може да се испраќаат само мислења за Страната на местото.

 

IX. Права и обврски на Корисникот

 

9.1. Корисникот е овластен за онлајн пристап до услугите кои се доставуваат преку Getlokal веб-сајтот, во согласност со барањата за пристап што ги определува Getlokal.

9.2. Корисникот е овластен да поставува Корисничка содржина на Серверот на Getlokal преку алатките што се наведени на Getlokal веб-сајтот (обрасци за поставување фајл, информатички обрасци за поставување итн) во согласност со сите барања содржани во овие Услови за користење и соодветните веб-страници од кои може да се пристапи до алатките.

9.3. Корисникот е овластен да пристапува до Корисничката содржина, како и до друга содржина што е поставена на Getlokal веб-сајтот единствено за лично користење и со примена на регуларните функционалности на Getlokal веб-сајтот. Пристап до мултимедијалната корисничка содржина и другата содржина ( аудио и видео записи/фајлови) може да се изврши само преку стриминг-трансмисија на аудио и видео сигнали преку интернетот од Getlokal веб-сајтот до крајниот уред на Корисникот што му овозможува на Корисникот да гледа и слуша аудио и видео записи во реално време, при што не останува постојана копија и нема симнување, дистрибуција или временско разграничување, освен ако тоа е јасно и неотповикливо дозволено од страна на Getlokal, како што е давање можност за симнување (копче за симнување или линк) до соодветната содржина.

9.4. Корисникот се обврзува во процесот на користење на Услугите што ги обезбедува Getlokal, на неговиот Сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни Кориснички содржини – информација, податок,  текст, звук, датотеки, фајлови, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или Линкови кон материјали кои:

9.4.1. не се во склад со законодавството на Бугарија, важечките странски закони, Интернет етиката, заедничките прописи за пристојност и моралност; 

9.4.2. предмет на интелектуална сопственост на трети страни, освен со согласност со носителот на правото;

9.4.3. претставуваат комерцијална или професионална тајна или друг вид доверлива информација, чие откривање е забрането врз основа на договор, закон или акт на некој надлежно, државно или општинско тело; 

9.4.4.содржи информации за шифрите на други корисници или правата за пристап, без согласност на нивните носители, како и софтвер за пристап до  таквите шифри или права;

9.4.5. содржат лични податоци во врска за трети лица или кои било други информации заштитени со закон, освен во согласност со сите важечки барања за нивна заштита, процесирање и примена;

9.4.6. повикуваат или содржат елементи на насилство врз лица или животни, понижување на човековото достоинство, закани по животот и физичкиот интегритет на лица или животни;

9.4.7. прикажуваат несреќи и други сериозни инциденти или кривични дела;

9.4.8. имаат порнографска или експлицитна содржина;

9.4.9. изразуваат или повикуваат на дискриминација врз основа на пол, раса, националност, етничка припадност, државјанство, потекло, религија или верување, образование, верувања, политичка припадност, личен или јавни статус, инвалидитет, возраст, сексуална ориентација, брачна состојба, имотен статус или било која други обележја, како и пропагирање на било која друга недемократска идеологија;

9.4.10. штетат на добрата репутација, чест или достоинство на трети страни;

9.4.11. повикуваат на насилна промена на уставниот поредок, извршување  злосторство, лични насилство или поттикнуваат расна, етничка или верска омраза;

9.4.12. прикажуваат и поттикнуваат на однесување кое претставува опасност за заштитата на животната околина;

9.4.13. содржат информации кои поттикнуваат извршување на терористички активности и други теми поврзани со тероризам;

9.4.14. ги повредуваат правата на сопственост или легитимните интереси на  трети лица;

9.4.15. имаат слаб квалитет и нејасна содржина;

9.4.16. имаат големина која ја надминува максималната големина што е определена на веб-страниците на Getlokal веб-сајтот;

9.5. Корисникот се обврзува да не пристапува кон Корисничката содржина или  која било друга содржина префрлена на Getlokal веб-сајтот, преку било кои други технологии или уреди, различни од технологиите и уредите што ги обезбедува  Getlokal веб-сајтот и ги спроведува преку својата редовна функционалност.

9.6. Корисникот презема одговорност при процесот на користење на Услугите, обезбедени од Getlokal:

9.6.1. да не врши малициозни активности во смисла на значењето на овие Услови за користење;

9.6.2. да не користи, копира и дистрибуира за комерцијални цели Кориснички содржини, префрлени од страна на други корисници или било каква друга содржина достапна на Getlokal веб-сајтот;

9.6.3. да не се вклучува во политичка кампања или религиозна пропаганда;

9.6.4. да не користи методи кои предизвикуваат несакано вчитување на содржина која не е одобрена од Интернет корисниците, со примена на „pop-up”, „blind link“ и слично;

9.6.5. да не игра улога на друго лице или претставник на лице од кое не е  овластено за претставување или на друг начин да не ствара заблуда кај Getlokal или трети страни во однос на неговиот/ нејзиниот идентитет или припадност кон одредена група на луѓе;

9.6.6. веднаш да го извести Getlokal за секој случај на извршена или откриена повреда во користењето на обезбедените Услуги;

9.6.7. да го извести Getlokal за откривање на оштетени датотеки заради нивно отстранување.

9.7. Регистриран корисник може во секое време, во сопствена дискреција да престане со користење на Услугите што ги обезбедува Getlokal, со откажување на својата регистрација на Getlokal веб-сајтот. Договорот меѓу двете страни ќе се смета за  автоматски раскинат на денот на откажувањето на регистрацијата на Регистрираниот корисник, кога всушност Getlokal ќе го прекине неговиот/ нејзиниот пристап до неговата/нејзината Корисничка сметка, а исто така има право да го прекине и пристапот на другите Корисници кон неговата Корисничката  содржина и од неговите Сервери да ја отстрани целата Корисничка содржина што тој/таа ја префрлил.

 

X. Права и обврски на Getlokal

 

10.1. Getlokal нема обврска или објективна можност да го контролира начинот на кој корисникот ги користи дадените Услуги и не е одговорен ниту за Корисничката содржина, ниту за активноста на корисникот околу Користењето на Услугите. Getlokal нема обврска да ги следи информациите кои се чуваат на неговите сервери или станале достапни при обезбедувањето на Услугите, или пак да бараат факти или околности кои укажуваат на нелегални активности кои ги извршил Корисникот преку користење на Услугите.

10.2. Во согласност со барањето на законодавството во сила, Getlokal чува  информативни материјали и ресурси, кои Корисникот ги префрлил на серверите на Getlokal и има право истите да ги достави до надлежните државни органи во случаите каде што тоа се побарало од страна на соодветните државни органи, во согласност со постапката што е во прашање.

10.3. Getlokal се обврзува да преземе соодветна грижа за да му овозможи на Корисникот нормално користење на Услугите. Без оглед на горе наведеното Getlokal не гарантира дека информациите, достапни на Getlokal веб-сајтот, вклучувајќи ги и Корисничките содржини на неа, се целосни, прецизни, точни и без грешки.

10.4. Getlokal има право, без да е обврзан, во сопствена дискреција и без претходна најава да ги одбие, ограничи или промени Услугите што му се доставуваат на Корисникот, како и да им се обрати на надлежните државни органи доколку според мислењето на Getlokal, Корисникот со своето однесување ги повредува одредбите од законодавството на Бугарија што е во сила, овие Услови за користење или правата и легитимните интереси на трети лица.

10.5. Getlokal има право, без обврска, во сопствена дискреција и без претходна најава, да го одбие или ограничи пристапот до одредена Корисничка содржина и соодветно, делумно или во целост од своите сервери истата да ја отстрани кога ќе утврди дека таа не е во согласност со важечкото законодавство на Бугарија, овие Услови на користење или правата и легитимните интереси на трети страни.

10.6. По добивањето на пријава од трети лица дека Корисничката содржина поставена на Getlokal веб-сајтот ги повредува нивните права на интелектуална сопственост, како и во случај кога Корисникот ги крши правата на интелектуална сопственост на Getlokal, Getlokal има право во сопствена дискреција и без претходно предупредување да го прекине пристапот до овие Кориснички содржини, се до решавањето на спорот пред надлежен државен орган. По прием на налог од надлежен државен орган, во врска со Корисничката содржини, Getlokal има право да го прекине пристапот до неа, без претходно предупредување и да изврши други дејствија во согласност со добиената наредба.

10.7. Getlokal не е должен на Корисникот да му ја чува или враќа Корисничката  содржина или другите информации, кои биле избришани од страна Корисникот, Getlokal или пак од страна на трети лица, без оглед на причините за бришењето.

10.8. Getlokal има право, на секоја од веб страниците на Getlokal веб-сајтот, вклучително и на линковите од Корисничките сметки да постави рекламни интернет огласи (банери) и други форми на реклама за стоки и услуги, понудени од Getlokal или трети страни, како и линкови и интернет реклами (банери) кои пренасочуваат, но не се под контрола на Getlokal. Getlokal не е одговорен за содржината, вистинитоста и усогласеноста на законот на тие веб-страници и ресурси, ниту за стоките или ресурси со кои се запознава Корисникот во процесот на користење на Услугите, ниту пак за содржината, вистинитоста и усогласеноста со закон на информациите околу мислењата што тие ги префрлиле на друга Корисничка содржина.

10.9. Getlokal има право до Регистрираниот корисник да испрати несакани комерцијални известувања за да му понуди информации и огласи во врска со негови, сопствени стоки и/или услуги или стоки/услуги на други лица, да прави испитувања за различни прашања, да врши истражувања и др. Со прифаќање на овие Услови за користење Корисникот се согласува да добива несакани комерцијални известувања од Getlokal

10.10. Getlokal има право без претходно известување да ја деактивира шифрата за пристап до Корисничка сметка на Регистрираниот корисник во случај кога според мислењето на Getlokal, Регистрираниот корисник ги прекршува одредбите на законодавството на Бугарија што е во сила, овие Услови за користење или правата и легитимни интереси на трети страни. Во такви случаи Getlokal има право да ја откаже регистрацијата на Регистрираниот корисник и од своите Сервери да ги избрише сите Кориснички содржини што тој/таа има ги префрлил. Договорот со Регистрираниот корисник се смета за автоматски раскинат на датумот на откажување на неговата/нејзината регистрација.

10.11. Секогаш кога Getlokal добива информации што даваат основ за сомневање дека однесувањето на Корисникот при користењето на Услугите може да претставува кривично дело или службена повреда, Getlokal во своја дискреција може да им се обрати на надлежните државни органи, да им ја понуди потребната соработка и да им ги достави сите потребни информации и материјали, кои се бараат според постапката што е во прашање, а кои би можеле да помогнат за идентификување на сторителот и за докажување на извршено кривично дело или службена повреда.

10.12. Getlokal го задржува правото да прекине со доставување на одредени услуги, достапни преку Getlokal веб-сајтот, след давање известување преку објавување на соопштение на соодветните веб страници на Getlokal веб-сајтот и/или на  Корисничката сметка на Регистрираниот корисник.

 

XI. Интелектуална сопственост

 

11.1. Со префрлување на било каков видео материјал, слика, текст или друг материјал (Корисничка Содржина) на Getlokal веб-сајтот, Регистрираниот корисник на Getlokal му доделува неексклузивно право истите да ги користи, архивира, чува, јавно да ги дистрибуира на Интернет, како и на неограничен број лица да им понуди пристап до нив, овозможувајќи им пристапот да го остварат од место и во време што самите го избрале, за потребите и во врска со Услугите кои се предмет на овие Услови за користење, без посебно разгледување и без територијални ограничувања (за целиот свет).

11.2. Правото од претходниот став се доделува за временскиот период во кој Корисничката содржина е префрлена  на Серверот на Getlokal, како и во разумен рок по отстранувањето или бришењето. Правото, доделено на Getlokal го вклучува и правото на користење на Корисничките содржини за потребите на промоција или рекламирање на Getlokal и Getlokal веб-сајтот на други медиуми и/или во изменета форма, вклучувајќи го и правото за подлиценцирана употребата на Корисничката содржина на други медиуми, во насока на развој на активноста на Getlokal.

Регистрираниот корисник изјавува дека тој/таа е носител на авторските права или има право да ги користи соодветниот материјал на начинот што е определен со  овој документ, вклучувајќи го и правото на подлиценцирање на дадениот материјал, што тој го здобил законски, врз основа на договор или друга законска основа, како и дека префрлувањето на оваа содржина на Getlokal веб-сајтот и неговата употреба е во согласност со овие Услови за користење и не ги повредува правата на трети лица. Покрај тоа, Регистрираниот корисник изјавува дека нему/ неа му е дадена согласност од секое лице кое учествува, е прикажано или на било каков начин е споменато во рамките на Корисничката содржина што тој/таа ја префрлил за целите на снимање, сликање, прикажување, користење на неговото име или други податоци во врска со него, како и префрлање на соодветните материјали на Getlokal веб-сајтот.

11.3. Со префрлувањето на некоја Корисничка содржина на Getlokal веб-сајтот, Регистрираниот корисник се согласува и на сите други Корисници, вклучувајќи ги и Нерегистрираните корисници им доделува неексклузивно право за пристап до префрлените материјали,  правото да ги користат и репродуцираат, на начинот што го предвидува Getlokal преку Услугите, без детално разгледување и без територијални ограничувања (за целиот свет). Правото од овој став се доделува за временски период  во кој Корисничката содржина е префрлена на серверот на Getlokal, како и во разумен рок, по отстранувањето или бришењето.

11.4. Со префрлувањето на некоја Корисничка содржина на Getlokal веб-страница, Регистрираниот корисник се согласува, и на Getlokal му дава право префрлениот материјал да се гледа на Корисничката сметка што ја креирал друг Регистриран корисник, како и во сопствена дискреција да ги користи графичките прикази,  рекламните формати, итн., при дизајнирањето на веб-страниците на Getlokal веб-сајтот на кои се гледа Корисничката содржина.

11.5. При користењето на Услугите, Корисникот има пристап до различни содржини и извори кои се предмет на авторските права на Getlokal, на други корисници, или на соодветно наведени лица.  Корисникот има пристап до содржината, за да ја користи за лични потреби во согласност со овие Услови за користење и нема право да ги користи, снима, чува, репродуцира, менува, адаптира, јавно да ја дистрибуира содржината која му станала достапна при користењето на Услуги, освен за случаите каде што му е дадена јасна согласност од соодветните сопственици.

11.6. Корисникот е должен да не избегнува или на друг начин да попречува   нормалното функционирање на технички или софтверски апликации што Getlokal ги инсталира на Getlokal веб-сајтот за да спречи или ограничи користење на содржината на Getlokal веб-сајтот за кршење на овие Услови за користење, вклучувајќи ограничување на начините на користење или копирање Кориснички содржини.

11.7. Регистрираниот корисник, самиот е одговорен за легитимноста на Корисничката содржина која ја објавува или ја прави достапна до Корисниците, преку употреба на Услугите, како и за неговите/нејзините активности поврзани со објавувањето на таа содржина и последиците од нејзиното објавување.  

11.8. Правата на интелектуална сопственост врз сите материјали и ресурси на Getlokal веб-сајтот, освен Корисничките содржини кои ги поставиле Корисниците, се предмет на заштита во согласност со Законот за авторски и сродни права на Бугарија и/или Законот за ознаки и географски називи на Бугарија; тие се во сопственот на Getlokal или друг прописно назначено лице на кое Getlokal му го доделил правото за користење, а не можат да се користат во кршење на законите што се во сила.

11.9. Во случај Корисникот да смета дека неговите/нејзините права на интелектуална сопственост или други сопственички или нематеријални права се повредени од страна на друг корисник и сака да алармира за прекршок врз Корисничките содржини на Getlokal веб-сајтот, Корисникот треба да испрати известување на следната адреса:

 

Getlokal Bulgaria EOOD

ул. Балша 1, Блок 9, кат 4.

1408 Софија, Бугарија

E-меjл: privacy[at]getlokal[dot]com е-мејл адресата е напишана на овој начин со цел да не заштити од SPAM;Ве молиме заменете ги [at] со @, и [dot]со ‘.’).

 

Известувањето за наводната повреда е во писмена форма и ги содржи во најмала мера следниве, неопходни елементи:

a) Потпис (вклучувајќи одобрен електронски потпис) на лицето или правно овластен претставник на лицето кое е носител на правото кое наводно е повредено;

b) Полномошно, доколку соопштението го доставува овластено лице:

c) Спецификација на наводно повредената Корисничка содржина (во случај да се пријавува повреда на повеќе содржини - комплетна листа на сите  материјали), како и спецификација на точната URL-адреса која му овозможува на Getlokal да ја идентификува таа Корисничката содржина; 

d) Соодветни информации преку кои Getlokal ќе контактира со лицето што го поднесува известувањето - имиња, адреси, телефони и е-пошта адреса;

e) Изјава од подносителот на известувањето дека тој/таа верува, со добра волја дека опишаната употреба на Корисничката содржина не била одобрена од носителот на правото на интелектуална сопственот, негови/нејзини претставници и застапници или согласно закон;

f) Изјава дека информациите што се наведени во известувањето се автентични  и дека подносителот на известувањето делува со својот капацитет, како  носител на наводно повредените права или правно овластен претставник, како и соодветни докази за сопственост на правата.

Getlokal, во своја дискреција, ги презема дејствијата што се  утврдени во овие Услови за користење.

 

11.10. Во случај Регистрираниот корисник да смета дека пристапот до Корисничката содржина што тој/таа ја објавува е несоодветно ограничена, тој/таа ќе испрати писмено известување до Getlokal, како што е предвидено во член 11.8. По приемот на известувањето, Getlokal истото ќе му го препрати на Корисникот што го поднел известувањето, согласно член 11.8 и во сопствена дискреција ќе ги преземе дејствијата од овие Услови на користење.

 

XII. Одговорност

 

12.1. Getlokal нема да биде одговорен за точноста на информациите, достапни на Getlokal веб-сајтот, чувани или пристапни во согласност со одредбите подолу. Getlokal не дава било каква експлицитна или премолчена гаранција за одговорност, безбедност или препорачување на доставените услуги.

12.2. Getlokal презема грижа, информациите кои се достапни на Getlokal веб-сајтот секогаш да бидат точни и ажурирани, но не гарантира за автентичноста и основаноста на содржината и не се заложува за било какви рокови за ажурирање на информациите, освен ако е поинаку наведено Getlokal веб-сајтот (што може да се применува). Getlokal се грижи за давање информации околу обезбедување на услуги кои Корисникот нормално ќе ги употребува, но не е должен и не гарантира дека бесплатно обезбедените Услуги ќе ги задоволат барањата на Корисникот или пак дека Услугите ќе се доставуваат непрекинато, навремено и безбедно. Со прифаќањето на овие Услови за користење, Корисникот изјавува дека користењето на понудените Услугите е во целост на негов/нејзин ризик и одговорност, а договорните страни се согласни дека Getlokal нема да биде одговорен за било каква штета што Корисникот може да ја стори при користење на Услугите, освен ако таквите штети ги предизвикал Getlokal намерно или како резултат на груба небрежност.

12.3. Getlokal не е одговорен за каква било штета предизвикана на Корисничкиот софтвер, хардвер, неговите уреди и опрема, ниту за било какво губење на  податоци, кои произлегуваат од какви било префрлени материјали или ресурси или кои се користат на било кој начин преку медиумот на доставените Услуги.

12.4. Getlokal не е одговорен за пропуст во обезбедување на Услугите поради какви било околности кои се надвор од негова контрола - во случај на виша сила, Случајни настани, било какви проблеми во глобалниот Интернет и обезбедувањето на Услуги надвор од контрола на Getlokal, било какви проблеми поради опремата на Корисникот, како и во случај на неовластен пристап или интервенција на трети страни во работењето на Информатичкиот систем на Getlokal или Серверите.

12.5. Со прифаќањето на овие Услови за користење, Корисникот изјавува дека тој/таа ја разбира можноста за било какви прекини и други видови проблеми во обезбедувањето на Интернет врска со Getlokal веб-сајтот, кои би можеле да произлезат, без оглед на грижата на Getlokal. Корисникот изјавува дека тој/таа нема од Getlokal да бараат било каков надомест за загуба на профит, за надомест на загуба на профит, било какви настанати штети или непријатности кои се резултат на горе наведените прекини или проблеми во интернет поврзувањето, вклучувајќи го и капацитетот на интернет врската.

12.6. Getlokal не е одговорен за пристапот, квалитетот, веродостојноста, одржливоста во насока на одредена цел и безбедноста на стоките и содржината на услугите што му се презентираат на Корисникот преку некоја информација, објавена во Страната на местото на Getlokal веб-сајтот или Корисничката содржина, или преку објавување на Линкови на Getlokal веб-сајтот, интернет реклами (банери) и соопштенија за  продажба на стоки и обезбедување на услуги од трети лица и/или нивно прикачување кон комерцијални комуникации, испратени на e-пошта адресата што Корисникот ја навел при неговата/нејзината регистрацијата. Доколку дејствата извршени од страна на трети лица се надвор од контролата на Getlokal, тој нема да биде одговорен за незаконското дејствие на трети лица или за произлезените, гарантираните, исполнетите, изменетите и прекинатите обврски и заложби, поврзани со стоките и услугите што ги нудат тие-трети лица, и воедно не е одговорен за сторените штети и загуби на профит кои произлегуваат од овие односи.

12.7. Договорните страни потврдуваат дека Getlokal не е одговорен за пропуст во доставување на Услугите или доставување на Услуги со влошен квалитет заради тестирањта што ги прави Getlokal за да ја испита опремата, врските, мрежите и слично, а сето ова во насока подобрување и оптимизирање на Услугите. Во такви случаи, Getlokal претходно го известува Корисникот за привремен прекин или влошен квалитет на Услугите преку објавување на соодветно соопштение на Getlokal веб-сајтот или во било кој друг соодветен начин.

12.8. Getlokal не е одговорен за Корисничката содржина, како и за активноста на Корисникот поврзана со користење на Услугите. Освен тоа, Getlokal не е одговорен за каква било штета предизвикана од други Корисници, како резултат на нивни пристап или користење на содржината што им ја доставил Корисникот или им станала достапна преку Getlokal веб-сајт. Getlokal нема одговорност кон Корисникот и другите-трети лица за било каква штета и загуба на профит, кои настанале како резултат на прекин, одбивање, измена или ограничување на Услугите, бришење, менување, загуба, неавтентичност, неточност или непотполност на пораките, материјалите или информации кои се користат, снимаат или се достапни преку Getlokal веб-сајтот.

12.9. Getlokal не е одговорен за настанатите штети и загуба на профит кај Корисникот или трети страни кои настанале како резултат на престанок, промена или ограничување на Услугите или раскинување на договорот, заради тоа што Корисникот ги прекршил овие Услови за користење или законската регулатива која е во сила, или пак поради обезбедување на информации или извршување на наредби  издадени од надлежните органи.

 

XIII. Обештетување

 

13.1. Корисникот ќе го обештети Getlokal и било која трета страна за сите сторени штети и загуби на профит, вклучително и за парични казни, адвокатски трошоци, трошоци за судски постапки и други трошоци кои произлегуваат од поднесени жалби и/или платени надоместоци од страна на трети лица, а кои се однесуваат на Корисничките содржини или други информации и материјали што им се достапни на трети лица или се ставаат на располагање од страна на Корисникот преку употреба на Услугите, а ги прекршуваат законите на Бугарија, важечките странски закони, овие Услови за користење, ја нарушуваат добрата волја, како и други повреди на обврските на Корисникот, утврдени во рамките на овие Услови за користење.

13.2. Освен горенаведеното, Регистрираниот корисник е должен на Getlokal да му надомести за било какви штети што настанале како резултат на користењето на Услугите од страна на трети лица, на кои Регистрираниот корисник му ги дал неговите/нејзините Шифри и со тоа ги прекршил овие Услови на користење.

13.3. Родителите кои ги остваруваат своите родителски права или старателите на малолетно лица ќе бидат одговорни за сите штети кои малолетникот му ги нанел на Getlokal или на трети лица преку регистрација и користење на Услугите, како и за сите штети предизвикани како резултат на прикажување лажни податоци или давање неавтентични изјави, согласно член 4.4.

13.4. Обврските на договорните страните според ова Поглавје XIII од Условите за користење остануваат во сила дури и по раскинувањето на договорот со Корисникот, вклучувајќи и по престанокот на работењето и постоењето на Getlokal веб-сајтот.

 

XIV. Прекин на регистрацијата. Раскинување на Договорот

 

14.1. Секој регистриран корисник има право да ја прекине својата регистрација на Getlokal веб-сајтот преку опцијата за деактивирање,  предвидена на Корисничка сметка, следејќи ја таму утврдената постапка или преку  контактирање со Getlokal на info [at] getlokal [Dot] com е-мејл адресата е напишана на овој начин со цел да не заштити од SPAM;Ве молиме заменете ги [at] со @, и [dot]со ‘.’). Договорот со Регистрираниот корисник се смета автоматски прекинат на датумот на престанок на неговата  / нејзината регистрација.

14.2. Прекинувањто на регистрација на Страната на местото со деактивирање на соодветната корисничка сметка не значи бришење на соодветното место од базата на податоци на Getlokal веб-сајтот (Getlokal директориум). По деактивирање на страница од Getlokal веб-сајтот се брше само Корисничката содржина која ја објавил носителот на Страната на местото преку таа Корисничка сметка, но не и информацијата за местото на кое Getlokal или друг Регистриран корисник го објавил на веб-сајтот на страница. Заради избегнување на какво било сомневање, прекинот на  регистрација на една Страна на местото нема да доведе до бришење на мислењата и рејтинзите за нив, објавени од други Регистрирани корисници.

14.3. Покрај случаите наведени во овие Услови за користење, договорот меѓу двете договорни страни ќе се раскине по појава на една од следниве ситуации:

14.3.1. Прекин на работењето на Getlokal веб-сајтот или прекин на поддршката на Getlokal веб-сајтот;

14.3.2. Со заедничка согласност на двете договорни страни;

14.3.3. Во други случаи предвидени со закон.   

14.4. Во случај на раскинување на договорот помеѓу договорните страни, на било која основа, Getlokal има право веднаш да го му го прекине пристапот до Корисничката сметка на соодветниот Регистриран корисник, да ја прекине неговата/нејзината регистрација и од своите сервери да ја избрише целата Корисничка содржина која ја поставил Корисникот, во согласност со одредбите на законодавство што е во сила. Во случај на раскинување на договорот, Getlokal нема да биде одговорен за штетите и загубата која ја претрпел Корисникот или трети лица, а се резултат на прекинот на неговиот/нејзиниот пристап до неговата/ нејзината Корисничка сметка, прекинот на неговата/нејзината регистрација, бришење на Корисничката содржина што ја поставил Корисникот на серверите на Getlokal, а како резултат на обезбедување информации или извршување на наредби издадени од страна на надлежните државни органи. Раскинувањето на договорот не го ослободува Корисникот од неговата/нејзината одговорност за штетите што ги предизвикал кај Getlokal или трети лица за време на неговата важност.

 

XV. Измени и дополнувања на Условите за користење

 

15.1. Бидејќи Услугите што ги доставува Getlokal се различни и постојано се дополнуваат и менуваат во насока на нивни развој и проширување, имајќи ги предвид законските измени, Getlokal може еднострано да ги менува Условите за користење.  

15.2. Во случај на измена и дополнување на Условите за користење, Getlokal го известува Корисникот за сите измени, објавувајќи ги на страницата на Getlokal и/или со објавување на соопштение на Корисничката сметка на Регистрираниот корисник кое го соджи текстот на измените или Линкот на Веб страницата каде се наоѓаат измените и дополнувањата. Getlokal на Регистрираниот корисник му дава разумен рок да ги проучи измените и дополнувањата на Условите за користење, кој не е пократок од две недели од објавувањето на измените и дополнувањата на начинот кој е опишан погоре.  

15.3. Доколку во рокот што е определен во член 15.2, Регистрираниот корисник не ги прифати или одбие измените и дополнувањата на Условите за користење, истите се сметаат за обврзувачки за Регистрираниот корисник. Ако регистрираниот корисник се изјасни дека ги одбива измените и дополнувањата, со испраќање на соопштение до Getlokal на следната е-пошта адреса: [at]getlokal[dot]com (е-мејл адресата е напишана на овој начин со цел да не заштити од SPAM;Ве молиме заменете ги [at] со @, и [dot]со ‘.’), или согласно определеното од Getlokal, договорот споменат во член 6.1 се смета за раскинат веднаш по добивањето на соопштението за одбивање.

15.4. Нерегистрираниот корисник го изразува своето несогласување со измените и дополнувањата на Условите за користење со прекин на употребата на Услугите што им се достапни на Нерегистрираните корисници.

 

XVI. Други одредби

 

16.1. Getlokal е овластен да прибира и користи информации за Корисниците, вклучувајќи лични податоци. Условите за процесирањето и заштита на овие информации од страна на Getlokal, вклучувајќи ги лицата на кои Getlokal може да им ги открие и постапките за тоа, се предвидени во овие Услови за користење и Политиката за користење и заштита на информации на Getlokal веб страницата („Политика“) која е интегрален дел од овие Услови за користење и договорот од член 6.1. Со прифаќање на овие услови, Корисникот изјавува дека е запознат со Политиката и дека ги прифаќа условите.

16.2. Доколку не е поинаку предвидено, писмените изјави и соопштенијата што се предвидени во овие Услови за користење и Политиката, се сметаат за валидни ако се направени во форма на писмо со повратница, е-пошта, притискање на виртуелно копче на Getlokal веб страницата и на друг сличен начин, доколку изјавата е техники снимена и како таква може да се репродуцира.

16.3. Со прифаќањето на овие Услови за користење и со склучувањето на договор, договорните страни ја изразуваат својата согласност, меѓусебно разменетите електронски изјави да се сметаат за примени по нивното внесување во електронскиот систем кој е назначен од страна на примачот, без јасна потврда. Во случај Корисникот да навел невалидна адреса на е-поштата, пораката се смета за примена по нејзиното испраќање од  Getlokal, дури и ако истата не е примена.     

16.4. Ако некоја од одредбите од Условите за користење се покаже за ништовна и неважечка, тоа нема да го направи неважечки договорот, другите одредби или другите негови делови. Неважечката одредба се заменува со императивна законска норма или воспоставена пракса или обичај.

16.5. Доколку не е поинаку предвидено, овие Услови за користење не се применуваат за Услуги за кои се зададени посебни правила.

16.6. Условите за користење и Политиката се регулираат со законодавството на Бугарија и за сите случаи што не се утврдени во Условите за користење и Политиката се применуваат важечките одредбите од законодавството на Бугарија.

16.7. Сите спорови меѓу договорните страни кои произлегуваат од договорот помеѓу нив, вклучувајќи ги оние што произлегуваат од или сродни толкувања, важност, изведба или раскинување, како и спорови од пополнување на некои празнини во договорот или негова адаптација на нови услови, ќе се решаваат по мирен пат и со добра воља, преку  преговори и заеднички одобрувања. Доколку, во рок од еден месец се докаже дека не може да се постигне договор во однос на спорот, истиот се предава на решавање при надлежниот суд во Софија, во согласност со важечкото законодавството на Бугарија.  

 

 

Овие Услови за користење се донесени со одлука на Менаџерот на “Getlokal Bulgaria” EOOD на 31 јули 2012 година, изменети со одлука на Менаџерот на “Getlokal Bulgaria” EOOD на 30 мај 2013 и на 22 јули 2014 година.