Скопје/ЧПП

ЧПП

 

Често поставувани прашања

  • Што е Getlokal?
Getlokal е страна со содржина генерирана од корисниците која на посетителите на страната им нуди препораки, коментари, слики и многу информации за локалните места, овозможувајќи им да направат подобар избор. getlokal.mk се фокусира на секторот на излегување и животен стил вклучувајќи услуги на ресторани, продавници, кина, козметички салони, спа-центри, дури и сервиси за чистење, студија за тетовирање итн. Посетителите на страната ги споделуваат своите препораки за местата за јадење, пиење, купување, за другите да може да имаат корист од нивното знаење. Бизнисите исто така може да станат членови на заедницата и директно да се впуштат во дијалог со своите постоечки и потенцијални клиенти.
  • Може ли да го користам Getlokal преку мојот мобилен телефон?
Да – Getlokal е достапен преку бесплатни iOS (Apple) и Android апликации. Ние редовно издаваме нови верзии со цел да се осигураме дека им го обезбедуваме најдоброто искуство на нашите корисници
  • Зошто да го користам Getlokal?
Луѓето им веруваат на луѓето, особено на луѓето со сличен животен стил кои ги споделуваат своите препораки и искуства за места и производи. Getlokal е идеално место за да дојдете до вредна информација создадена од страна на заедницата на корисници кои имаат искуства од прва рака за места, компании, услуги за кои ни пишуваат.
  • Колку чини?
Користењето на Getlokal е бесплатно. Бизнисите бесплатно добиваат одредени услуги и производи, а за некои плаќаат.
  • Дали може да давам препораки за секое место?
Да. Нашата цел е да ги охрабриме корисниците да пишуваат препораки, а не само да напишат краток коментар. Добрата препорака е информативна, корисна, интересна, кул и забавна и не содржи само фрази како “ТОП” /”СУПЕР” итн. Не ги охрабруваме корисниците да си коментираат едни на други на препораките, затоа што тоа може да го прават преку приватни пораки. Како и да е, може да си ги оценуваат препораките во зависност од тоа колку се корисни/ некорисни, може да зачувуваат препораки, да ги праќаат по е-меил или да ги споделат со своите пријатели. Ова овозможува да се подобри профилот на корисникот и да се разликуваат корисниците кои допринесуваат позитивно од оние кои пишуваат препораки само колку да и наштетат на фирмата, а не го пишуваат сопственото искуство.
  • Зошто не можам да ја видам мојата препорака?
Getlokal не ги филтрира препораките, но нашите модератори понекогаш може да суспендираат препорака која не ги почитува ‘насоките за препораки’ и условите за користење на Getlokal.
  • Која е политика на приватност на Getlokal?
Ние ја сфаќаме приватноста многу сериозно и секогаш целиме да ги почитуваме законите и регулациите. Прочитајте ја нашата политика на приватност каде може да дознаете во детали што правиме со Вашите лични информации.
  • Што е „добра” препорака?
Сите препораки треба да се напишани на база на лично искуство, а не на искуство од пријател, колега, роднина, итн. Препораката треба да го изразува личното мислење на тој што препорачува и да биде специфична во објаснувањето на погодностите но и во измамите за одредено место или фирма. Не треба да препорачуваш место ако си вработен, сопственик, конкуренција. Целта на препораките објавени на Getlokal е да служат како корисен и непристрасен извор на информации за корисници кои бараат да посетат и купат производи или услуги од местата. За повеќе детали погледнете на Getlokal насоки за препораки.
  • Дали може да се промени редоследот на препораките?
Не, не можеме и не го менуваме редоследот на препораките кои се појавуваат на страната на бизнисот. Тоа не може да го праваат ни фирмите без разлика дали ни платиле за рекламирање на Getlokal. Препораките се појавуваат по обратен хронолошки ред, најновите препораки се појавуваат најгоре.
  • Луѓето пишуваат само негативни препораки зошто да ја задржам мојата фирма на Getlokal?
Ова всушност не е точно. Ги анализиравме сите препораки и дознавме дека повеќе препораки имаат оцена 3+ ѕвезди од максимум 5.
 
(5 sвезди) – Исклучително
(4 sвезди) – Многу добро
(3 sвезди) – Добро
(2 sвезди) – Просечно
(1 sвезда) – Слабо
  • Зошто да се регистрирам на Getlokal?
Како нерегистриран посетител на страната може да ги читаш сите препораки што се објавени, но неможеш да учествуваш и да допринесуваш со препораки, слики, оцени и настани на страната. Исто така нудиме специјални ппонуди, испраќаме информации за локални настани, промоции итн. во име на нашите огласувачи или трети страни, со што сите регистрирани корисници имаат бенефит.
  • Потребно е многу време за регистрација…
Почетната регистрација е брза и нема да ви одземе повеќе од неклоку минути. Ако имате Facebook профил може да го користите за регистрација и најавување, а тоа значи дека регистрацијата е уште побрза. Потоа може да ги поканите своите пријатели од Facebook и да ги споделите вашите препораки со нив.
  • За што да пишувам препораки?
Препораките обично се пишуваат за места каде најпопуларните на getlokal.mk се ресторани, барови, продавници, фризерски салони, итн. Како и да е, може да пишувате препораки и за секое место како музеј, парк, дури и училиште или галерија. Ако не го најдете местото/фирмата за кое сакате да пишувате, пополнете Додади место форма и ние ќе го додадеме.
  • Може ли да прикачувам слики со моите препораки?
Да, ги охрабруваме корисниците да прикачуваат слики поврзани со местата кои ги препорачуваат. Ви препорачуваме да користите слики кои генерално го претставуват бизнисот, и не се премногу лични (на пр. Не им препорачуваме на луѓето да прикачуваат слики каде одблизу се сликале себе си, пријатели или други посетители)
 
Додавање на опис на вашата слика ќе им користи и на другите луѓе.
 
Нашите модератори ги прегледуваат сликите прикачени на Getlokal и понекогаш некои слики нема да бидат одобрени, и во тој случај ќе бидете известени по пат на приватна порака.
 
На жалост моменталните регулативи не дозволуваат корисниците да прикачуваат нивни видеа. Бизнисите од друга страна пак можат да прикачуваат видеа на нивниот профил на место.
  • Зошто треба и мојот бизнис да се најде на Getlokal?
Илјадници луѓе дневно го посетуваат Getlokal со цел да пребараат производи, услуги и места кои сакаат да ги посетат. Истовремено тие пишуваат препораки и ги споделуваат нивните мислења за местата кои ги познаваат. Бизнисите мора да ја искористат оваа предност за да им се претстават на луѓето кои се тие и што работат со цел да привлечат нови клиенти. Нашите getBusiness страни обезбедуваат повеќе информации и покажуваат колку е лесно да се биде дел од Getlokal заедницата.
  • Зошто не можам да го најдам бизнисот за кој сакам да напишам препорака?
Ние се обидуваме да ги имаме додадеме сите релевантни бизниси на Getlokal, но тоа не е секогаш возможно. Доколку не можете да го пронајдете бизнисот или местото за кое сакате да напишете препорака, можете да го предложите истото со пополнување и испраќање на следнава форма.