Скопје/За нас

За нас

За Getlokal

Getlokal е веб сајт со препораки, генерирани од страна на корисниците. Иако главниот фокус на сајтот е стилот на живеење и излегувањето, Getlokal покрива и многу други различни бизниси. Ние сме тука да им помогнеме на корисниците да донесат информирани одлуки за места за излегување во Скопје, места со добра услуга во Софија, најтренди локали во Букурешт или ноќни клубови со happy hour во Будимпешта.

Getlokal е канал за пронаоѓање, создавање и споделување информации помеѓу пријатели и истомисленици за места, настани, производи и услуги во вашиот град. Getlokal е сајт за мислења споделени преку препораки, листи, статии, слики и многу повеќе.

Ние исто така им обезбедуваме на бизнисите одличен начин за привлекување на нови и постоечки клиенти преку рекламирање и промоција, социјални медиуми, специјални понуди и зделки.

Моментално се наоѓаме во Бугарија, Романија, Македонија, Србија, Финска и Унгарија, а брзо се прошируваме и во другите држави. Getlokal е исто така достапен и преку iOS и Android апликациите. Сите наши сајтови и апликации се на локалниот јазик и на англиски (мобилните апликации се и на дополнителни седум јазици) што го прави Getlokal одличен и за локалните жители и за туристите.

Getlokal е местото каде што можете да го кажете вашето мислење за одредени места, производи и услуги. Донесувањето добри одлуки за вашето слободно време никогаш не било полесно.

Како функционира Getlokal

Постојат три главни играчи во Getlokal:

  1. Корисниците:
  • создаваат и објавуваат одлична содржина – препораки, слики, листи, статии, настани
  • пребаруваат производи/добавувачи на услуги, настани и активности – по категорија, близина, локација
  • додаваат нови места од нивниот град од било која локација во светот и потоа пишуваат препораки и прикачуваат слики за истите
  • имаат интеракција со сајтот – преземаат купони, учествуваат во натпревари, гласаат за омилени, добиваат редовни newsletter-и и новости за подобрувања на сајтот
  • прават листи со нивните омилени места и ги споделуваат истите со нивните пријатели
  • имаат интеракција со бизнисите и другите корисници – ги следат нивните омилени бизниси како и нивните пријатели и комуницираат директно со нив
  1. Бизнисите:
  • ги промовираат нивните производи и услуги директно на нивните постоечки и нови корисници
  • им обезбедуваат на корисниците понуди и попусти преку купони и специјални понуди
  • комуницираат со корисниците директно на сајтот преку пораки, е-мејл, објави на профилот на нивното место
  1. Getlokal
  • ги промовира веб страните и апликациите како и своите поврзани производи и услуги
  • ја олеснува интеракцијата помеѓу корисниците и бизнисите
  • континуирано ги развива и подобрува веб страните и апликациите со цел да им обезбеди на своите партнери најдобри производи и услуги
  • го проширува присуството на Getlokal во нови држави преку мобилните апликации и сајтовите