Како што забележавте од насловот погоре, денес ќе дадам осврт на места каде што после солидно “одработена” вечер (не специфицирам викенд пошто у Скопје се искача секој ден) по кафичи, кафани, диско или по дома, можете да навратите во овие места и да се докусурите, ем здравствено, ем финансиски.
У прилог следат локали кои што постојат доста години, низ кои продефилирале широка палета на ликови, добри и никакви, млади и стари, венчани и single и го дефинирале скопскиот ноќен живот.