2014 |
|
|
Маj | Го променивме логото на Getlokal за подобро да ги рефлектира нашите вредности. Ги преселивме серверите во Амстердам и на тој начин обезбедивме побрз и сигурен пристап за Западна Европа. Официјално го пуштивме и Getlokal Унгарија. | |
Април | Лансирана е бета верзија од Getlokal Унгарија и целосно е лансиран Getlokal Финска. Ја пуштивме верзијата 3.2 од мобилната апликација на седум дополнителни јазици со подобрени опции за додавање на места од било каде во светот и предложување на промени на податоците за истите. | |
Март | Го проширивме тимот за развој во Софија со додавање на сениор програмер и сениор дизајнер. Тој месец повеќе од 470.000 активни корисници на Getlokal прегледале повеќе од 1,2 милиони страници. | |
Февруари | Ја лансиравме 3.0 верзијата од нашата мобилна апликација со значителна надградба на карактеристиките и функционалностите, вклучувајќи ја и можноста за корисниците за да додадат места од било каде во светот. | |
2013 |
|
|
Декември | Пуштивме бета верзија на Getlokal.fi (Финска), со која додадовме над 70.000 фирми во нашата база на податоци. За прв пат на овој нов сајт пуштивме интерфејс на три јазици - фински, руски и англиски. | |
Октомври | Getlokal присуствуваше на WebSummit во START делот од конференцијата. Таму го демонстриравме Getlokal пред стотици луѓе од целиот свет и воспоставивме многу нови контакти. | |
Септември | Лансиран е новиот производ Понуди кој им овозможува на бизнисите да објавуваат купони со специјални понуди и попусти со ниска, фиксна стапка. Потрошувачите можат да преземат бесплатни купони и да ги искористат истите директно кај бизнисите. | |
Август | Верзијата 2.2 од нашите апликации е пуштена со голем акцент на функционалноста за додавање на податоци од секаде низ светот и искористување на новите карактеристики на iOS 7 | |
Јуни | Ја надминуваме нашата конкуренција станувајќи вториот по големина сајт за излегување/слободно време во Романија со повеќе од 180.000 месечни уникатни посетители на сајтот. | |
Мај | Getlokal Србија е лансиран обезбедувајќи им исто и на луѓето кои живеат таму одличен избор на производи и добавувачи на услуги веќе достапни во Бугарија, Романија и Македонија.
Верзија 2.0 од нашите успешни апликации е објавена на App и Play Store и истите се достапни за преземање. |
|
Април | Getlokal апликацијата освојува сребрена награда на Mobilio Awards во Букурешт. | |
Март | Новите Премиум Профили на местата се дизајнирани и ставени во функција, овозможувајќи им на бизнисите поголема видливост и подобра промоција. | |
Февруари | ’The Big Race’ кампањата во Бугарија ги предизвика луѓето да ни кажат зошто нивното омилено место е најдобро и илјадници луѓе од целата земја пишуваа препораки.
Регистрираните корисници на Getlokal сега можат да следат некој нивни пријател или омилен бизнис и да комуницираат директно со нив. |
|
Јануари | Активирана е функционалноста нашите автори да објавуваат Статии вклучувајќи и фото галерија, која резултираше со прилив на нова содржина. | |
2012 |
|
|
Декември | Нашиот оперативен систем е целосно синхронизиран со сајтот, олеснувајќи им ги животите на нашите менаџери на бизнис заедницата. | |
Ноември | Натпреварот ‘Party Name’ е инстантен хит во Романија со повеќе од 10.000 регистрирани луѓе на Getlokal кои сакаат да дознаат какви журкаџии навистина се. | |
Октомври | Ја лансиравме нашата прва мобилна апликација за iOS и Android. Дизајнот и функционалноста добиваат големи пофалби од страна на мобилната заедница. | |
Септември | Getlokal е лансиран во Македонија со блескот од страна на локалните медиуми кои сакаа да дознаат каде можат да го пробаат најдоброто мохито во Скопје. | |
Август | Бизнис содржината на Getlokal продолжува да се зголемува со повеќе од 7.500 мали бизниси кои ја искористуваат можноста на нашите бесплатни понуди и објавувањето на детален опис за нивните производи и услуги.
Го лансираме нашиот рекламен производ Премиум Профили на местата давајќи им на бизнисите одличен начин за привлекување на нови клиенти. Во Романија е потпишан договор со Transport Urban за прикажување на информации за јавниот сообраќај на сајтот. |
|
Јули | Првото издание на getWeekend во Романија е снимено и објавено. Со Ана, Getlokal девојката во главна улога, шоуто продолжува да биде популарен неделен извор за вести и препораки.
Се селиме во нови канцеларии во центарот на Софија. Исто така во исполнетиот месец јули ја лансираме функционалноста Настани која им овозможува на луѓето да објават детали за локалните настани и активности. |
|
Јуни | Бета верзијата на Getlokal е лансирана во Македонија и со тоа започнавме да создаваме содржина.
getWeekend започна да се прикажува на неколку дигитални ТВ канали во Бугарија. |
|
Мај | Потпишан е договор со Р3 Инфомедиа за развој и лансирање на Getlokal во Македонија.
Getlokal BG е формирана како седиште за проширување на нашата компанија. По опсежна евалуација ја ангажиравме бугарската фирма, Antipodes, да го прилагоди и спроведе оперативниот систем за сите верзии на Getlokal. |
|
Април | Getlokal добива комплетен редизајн и е повторно лансиран, блескајќи во нови бои. Новиот сајт има многу поголем фокус на социјалните медиуми. | |
Март | Се селиме во нова канцеларија во центарот на Букурешт кој наскоро станува наш дом. | |
Февруари | Првата епизода на getWeekend, нашиот неделен видео водич за настани, е продуцирана и лансирана во Бугарија. Од тогаш getWeekend стана огромен фаворит на нашите корисници.
Нашата ‘Love and Wine’ кампања предизвика голема реакција кај романтичарите кои живеат во Софија, кои сакаат да ги споделат нивните омилени места за чаша вино или две. Употребата на сајтот расте за 30%. |
|
2011 |
|
|
Ноември | Лансирана е getlokal.ro во Романија со фокус на Букурешт. | |
Септември | Getlokal Романија е формиран и започната е регрутација на локален тим.
Сајтот е лансиран во бета верзија и започнато е прибирање на препораки и останата содржина. |
|
Јули | Повеќе од 75 илјади луѓе го посетија Getlokal, создавајќи 150 илјади пребарувања. | |
Јуни | Неделен newsletter е имплементиран. Се испраќа секоја недела до сите наши регистрирани корисници на Getlokal кој содржи вести за локалните настани и активности како и предлози за одлични места кои морате да ги посетите. | |
Мај | VIP позициите се воведени обезбедувајќи им на бизнисите подобри можности за промоција. | |
Февруари | Нашиот прв Community Manager се приклучува на тимот и е фокусиран на создавање на силни врски со нашите корисници. | |
2010 |
|
|
Декември | Започнуваме да ја водиме нашата прва маркетинг кампања | |
Јуни | Првите идеи и дизајни за Getlokal се имплементирани и ја лансираме првата верзија на сајтот. |