Планинското село Нижеполе се наоѓа на границата на националниот парк Пелистер, на само 10 километри од Битола. Селото се наоѓа на 1060 метри надморска височина, а вкупниот број на жители брои околу 190. Нижеполе и неговата околина изобилуваат со бројни излетнички места, планинарски патеки и скијачки терени кои го прават ова место атрактивно преку целата година.
Ако сте љубител на рекреативниот туризам, Нижеполе ви нуди недопрена природа и пејзажи од кои запира здивот.Пешачејќи ќе се сретнете со локалното население кое ќе може да ви ги посочи локалните...