Скопје/Законски информации/Заштита на информациите

Заштита на информациите

Политика за користење и заштита на информациите на Getlokal веб-саjтот („Политика“)

Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Корисникот е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика за користење и заштита на информациите. (во понатамошниот текст "Политика").
 

1. Кои информации ги прибираме, како и за кои цели го правиме тоа

 

1.1.      Кориснички информации

 

Getlokalима право да собира и користи податоци за Корисниците. Информациите со кои Корисникот може да се идентификува опфаќаат имиња, локација, адреса на е-пошта, како и сите други информации што Корисникот доброволно ги внел или се предвидени при користење на Услугите на Getlokalвеб-сајтот (достапни преку бројните getlokal домејни раководени од страна на Getlokal).

Во образецот за регистрација кој го пополнува Корисникот при склучување на договорот, Getlokal јасно укажува на задолжителна или доброволна природа за доставување податоци и последиците од одбивањето истите да бидат доставени. Согласувајќи се со Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува дека корисничките информации може да се прцесираат согласно предвиденото во нив.

Давањето на личните податоци кои се означени како задолжителни за доставување во соодветните електронски образци за регистрација на Getlokal веб-сајтот се неопходни за регистрација на Корисникот, а според тоа и за пристап до Корисничките услуги за кои е потребна регистрација. Пропустот да се достават овие информации претставува пречка за вршење успешна регистрација или основа за прекин на соодветната  регистрација, еднострано од  Getlokal, како што е предвидено во Условите за користење.

Покрај горе наведените информации, Getlokal има право (но не и обврска)  автоматски да зачувува одредени информации кои компјутерот или терминалниот уред ги испраќа до Серверите на Getlokal во врска со Корисничката активност. Информациите се чуваат во лог-датотеки на Серверите на Getlokal и може да опфаќаат информации за веб-страници на Getlokal веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-сајтови кои го пренасочиле Корисникот на Getlokal веб-сајтот, веб-сајтови кои Корисникот ги посетил преку Линкови кое се презентирани на Getlokal веб-сајтот, датум и време на тие посети, IP-адреса на Корисникот, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот,  клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на Getlokal директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот  (банерот) на Getlokal веб-сајтот, бројот на кликнувања на интернет огласите  (банерите) на Getlokal веб-сајтот, итн. Овие информации не се поврзани со информациите што го идентификуваат индивидуалниот Корисник и се користи за истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистички цели и заради подобрување на понудените Услуги. Getlokal може да ги чува и обработува овие информации во персонализирана форма заедно со други информации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата или користењето на Услугите. Покрај тоа, Getlokal собира лог-датотеки (датум, време и соодветно извор - IP адреси) кога тоа е според важечки закон, како и лог-датотеки и сите други информации кои се неопходни за електронска репродукција на изјавите што ги дава Корисникот при користење на услугите (на пример прифаќање на Условите за користење, итн), но и идентификација на Корисникот во случај на спор.

 

1.2.      Јавно достапни содржини. Кориснички содржини

 

Корисничката содржина (која содржи или не содржи лични податоци), а која   Регистрираниот корисник ја објавува на веб-сајтот, како и сите информации кои тој ги доставува при користење на Услугите (како што се имињата, локација, e-пошта, фотографии, телефонски броеви, датум на раѓање, информации за профили во социјални мрежи, итн), се јавно достапни на Getlokal веб-сајтот.


Регистрираниот корисник може да го ограничи пристапот до овие информации на одредена група на Регистрирани корисници преку прилагодувањата на неговата корисничка сметка (кога постои јасна можност да го стори тоа). Сите информации и содржини за кои нема експлицитно споменати поставувања за ограничување на пристапот се јавно достапни и Корисникот се согласува со нивно откривање, едноставно со нивното објавување на Getlokal веб-сајтот.

Заради избегнување сомнеж, Getlokal нема никаква цел да прибира, користи, чува или на друг начин да процесира лични или било кој друг вид информации кои се  предмет на посебна заштита во согласност со постоечката законска регулатива, преку корисничките содржини што Регистрираниот корисник ги испратил на Getlokal веб-сајтот, ниту пак да го следи постоењето на такви информации во нејзини рамки. Испраќањето корисничките содржини или какви било лични податоци или други информации кои таа ги содржи, на овој или било кој друг начин, кога Корисникот  ги користи Услугите, е во целост на негов сопствен ризик и одговорност. Со прифаќањето на Условите за користење и оваа Политика, Корисникот изјавува дека тој/таа е информиран, ги прифаќа истите и се согласува дека сите информации (вклучувајќи и личните податоци) кои се дел од Корисничките содржини, објавени од негова/нејзина страна или од неговата/нејзината Корисничка сметка, како и настаните на кои Корисникот навел дека тој/таа ќе учествува и Плејс-страниците кои Корисникот ги следи ќе бидат јавно достапни до секој Корисник на Getlokal веб-сајтот, како и до трети лица на кои Getlokal им обезбедува пристап до оваа Корисничка содржина или други информации, во согласност со предвиденото во Условите за користење и оваа Политика. Исто така, Корисникот изјавува и гарантира дека при објавување на Крисничка содржина или било која друга информација, тој/таа не ги повредува правата на трета лица во врска со нивните лични податоци или други лични права, вклучително и дека тој/ таа веќе има добиено согласност за објавувањето (до мера која е потребна според постоечката законска регулатива).

Getlokal ги прибира и ги користи информациите од став 1.1 за целите кои се наведени во Условите за користење и оваа Политика, како што се обезбедување на услуги, обезбедување пристап и контрола на неговата/нејзината Корисничка сметка, исполнување на неговите обврски во согласност со закон, остварување и заштита на неговите/ нејзините законски заштитени права и правни интереси, понуда на стоки и/или нови услуги понудени од трети лица, промоции, барање за организирање, анкети и испитувања за статистички цели.

 

1.3.      Покана за пријател

 

Регистрираниот корисник има можност преку својата корисничка сметка да испрати покана на е-поштата на трети лица (пријатели), доколку тие се исто така регистрирани на Getlokal веб-сајтот. Регистрираниот корисник може, исто така да испрати покана до трети лица (пријатели) преку Facebook услугата за поврзување која дава пристап до јавно-достапни информации од корисничката сметка на тоа трето лице на Facebook. При испраќање на покана на кој било од горе наведените начини, регистрираниот корисник изјавува и гарантира дека добил претходно одобрение од тие лица (пријатели) дека може да ги открие нивните e-пошта адреси и други податоци кои би можело да се откријат со самото испраќањето на поканата, за целите на испраќање на поканата. Луѓето кои примиле "покана за пријател" на горе опишаниот начин имаат можност да одбијат да се регистрираат на Getlokal веб-сајтот.

 

1.4.      Услуги поврзани со трети страни

 

Getlokal може да им овозможи на трети страни, како Facebook, Inc, да објават на своите веб-сајтови јавно достапни содржини од плејс-страници на Getlokal веб-сајтот. Таквите содржини не смеат да содржат лични податоци и се ограничени само на информации за  правни лица.

Покрај тоа, по своја вољаа, Корисникот, на Getlokal веб-сајтот може да сподели (преку Facebook-услугата за поврзување, на пример) информации кои се јавно достапни на други веб-сајтови, вклучувајќи и информации за поврзаност на Корисникот со други веб-сајтови (на пример, пријатели и листи на контакти). Оваа политика не се применува за информации за Корисникот и неговите/нејзините пријатели кои се зачувани на други веб-сајтови. Собирањето, складирањето, заштитата и обработката на тие  информации е предмет на условите на тие - други веб-сајтови. Доколку Корисникот не сака неговите/нејзините пријатели, контактите и другите информации за Корисникот што се достапни на другите веб-сајтови да бидат достапни на Getlokal веб-сајтот, тогаш Корисникот има можност да ги измени подесувањата за приватност на неговата/ нејзината сметка на другите веб-сајтови.

На некои Веб страници од Getlokal веб-сајтот, може да се видат копчињата за споделување на Корисничката содржина со други точно назначени веб-сајтови. Со користењето на тие копчиња, Корисникот се согласува по сопствен избор, лично да ја презентира Корисничката содржина (вклучувајќи ги и сите лични или други информации кои можат да се содржат во нив) и истата да се споделува на соодветниот веб-сајт. Кога се користат копчињата за споделување, се смета дека Корисникот е информиран дека тој/таа ја споделува својата Корисничка содржина со трети страни, кои не се под контрола на Getlokal и дека може да се наоѓа и да ги извршува своите активности надвор од Република Бугарија, па дури и надвор од ЕУ и ЕЕА. Оваа Политика не се применува за Корисничката содржина која Корисникот ја споделил на  таков начин, па затоа собирањето, чувањето, заштитата и обработка на таквите информации ќе биде предмет на условите на тие - други веб-сајтови.

 

1.5.      Колачиња (Cookies)

 

Getlokal има право (но не и обврска) на компјутерот на Корисникот или на други терминални уреди да инсталира колачиња - мали текстуални датотеки кои се зачувани на некоја Интернет страница преку интернет сервер на хард дискот на Корисникот и дава можност за обновување на информациите за Корисникот бидејќи тие ги препознаваат сајтовите/страниците што неговиот/нејзиниот терминален уред ги користи и/или пребарува.

При обезбедувањето на услугите, Getlokal задржува информации и добива пристап до информациите и процесите кои се зачувани на терминалниот уред на корисникот со цел:
           

1.5.1.   на Корисникот да му обезбеди нормален и квалитетен пристап до Услугите, заедно со сите функционални можности; да провери присуство на скрипти, софтверски апликации и подесувања на терминалниот уред на корисникот, кои се неопходни за нормален пристап и користење на Услуги и да ги извести него/неа доколку ги нема;

1.5.2.   да следи и да се спречи користење на мулти-сметки (регистрирање и користење на повеќе Кориснички сметки од страна на истото лице) со злонамерни дејствија;

1.5.3.   визуализира и не-визуализира елементи од Getlokal веб-сајтот за кои има посебни барања кои се или не се компатибилни на одредени карактеристики, квалитети или опции на терминалниот уред на Корисникот (на пример: широчина на екран, резолуција и други);

1.5.4.   да ги прилагоди Услугите и да обезбеди автоматско прикажување или криење на различни елементи од Getlokal веб-сајтот, во согласност со желбите и подесувањата на корисникот;

1.5.5.   да ги рекламира и истражува преференците на Корисникот.

 

Колачињата кои ги користи Getlokal не зачувуваат информации (лични податоци) кои  овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.

Корисникот има право во секое време да го одбие зачувувањето и/или пристап до информациите кои се зачувани на терминалниот уред кој го користи Корисникот.

Забраната и/или бришењето на колачињата од страна на Корисникот може целосно или делумно да му оневозможи на Корисникот да пристапи до Getlokal веб-сајтот и/или Услугите, да ги промени или отстрани преференциите што Корисникот претходно ги поставил на  Getlokal веб-сајтот и/или значително да го влоши квалитетот на Услугите, за што Getlokal не презема одговорност.

Корисникот има право во кое било време од Getlokal да добие информација за податоците кои се зачувани на неговиот терминален уред, со испраќање прашање до Getlokal на следната e-меjл адреса: privacy[at]getlokal[dot]com (е-мејл адресата е напишана на овој начин со цел да не заштити од SPAM;Ве молиме заменете ги [at] со @, и [dot]со ‘.’)

Getlokal користи два вида на колачиња - "привремени" (кои се избришани од меморијата на терминалниот уред на корисникот кога корисникот го затвора интернет прелистувачот) и "постојани" (кои се зачувуваат на терминалниот уред на корисникот додека тој /таа не ги избрише). Корисникот може да ги отстрани постојаните колачиња според инструкциите на интернет прелистувачот што го користи. Колачињата што ги  користи  Getlokal содржат идентификациски број кој помага при идентификацијата на Корисникот.

Колачињата може да се инсталираат, исто така, и од страна на трети лица со цел да се рекламираат стоки и услуги кои можат да бидат интересни за Корисникот кога тој/таа  го посетува Getlokal веб-сајтот и другите веб-страници. Getlokal нема пристап или  контрола врз употребата на колачињата. Овие колачиња, исто така, собираат  информации за начинот на користење на Getlokal веб-страница, како на пример кој веб-сајт го пренасочил Корисникот кон Getlokal веб-сајтот, кои интернет страници од Getlokal веб-сајтот ги посетил Корисникот, информации за посетите на Корисникот на други веб-сајтови, но не прибира информации како што се имиња, e-пошта адреси, други информации за контакти или други лични податоци кои би му овозможиле на некое трето лице да го идентификува Корисникот и да стапи во контакт со него/неа.

 

2. Со кого ги споделуваме вашите информации?

 

2.1.      Јавна содржина

Getlokal има право на Getlokal веб-сајтот да дистрибуира и доставува јавно достапни содржини, вклучувајќи ги сите Кориснички содржини на лица кои се поврзани на Getlokal, неговите деловни партнери и сите други трети лица, а Корисниците разбираат и се согласуваат дека тие трети лица можат да ја објават Корисничката содржина на нивните веб-сајтови или медиумски платформи. Тие треба да го посочат Корисникот како извор на таа Корисничка содржина и на нивната сметка да прикажат и наведат јавно-достапни информации, како што се имиња и фотографии.

 

2.2.      Лица кои ги процесираат податоците во име на Getlokal (Дата процесори)

 

Со цел да се изврши техничка поддршка и администрирање на Getlokal веб-сајтот и информациите да се процесираат заради статистики и маркетинг цели, при вршење тестирања и сондажи за работата на Getlokal веб-сајтот, кога се прават плаќања и се користат други услуги поврзани со Getlokal веб-сајтот, личните податоци и другите информации за Корисникот може да им се откријат и да се процесираат од трети лица на кои Getlokal им ја доделил изведбата на одредени услуги поврзани со Getlokal веб-сајтот. Овие податоци ќе бидат откриени и соодветно обработени само до одреден степен и обем, кој е неопходен за да се изврши доделената работа. Соодветно на тоа, тие трети лица ќе дејствуваат како Дата процесори во име на Getlokal. Дата процесорите се запознаени дека информациите што се во нивната сопственост се предмет на законодавството за заштита на лицата од процесирање на личните податоци.

Овие лица ќе бидат обврзани да ги обработуваат податоците само и единствено според строгите инструкции на Getlokal и ќе немаат право личните податоци на Корисниците да ги користат или процесираат на кој било друг начин за други намени, освен за целите што се наведени во Условите за користење и оваа Политика.

 

2.3.      Директен маркетинг

 

Со прифаќање на Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува со процесирање на неговите/нејзините лични податоци за целите на директен маркетинг. Корисникот има право во секое време да се спротивстави на понатамошно процесирање на неговите/ нејзините лични податоци за целите на директен маркетинг, со испраќање писмено известување до Getlokal на наведената контакт адреса или е-пошта. Корисникот има право да биде информиран пред неговите/нејзините лични податоци за прв пат да се откријат на трето лице или истите да се искористат во нивно име за целите на директен маркетинг, како и да му се даде можност да се спротивстави на таквите откривања и употреби.

Со прифаќање на Условите за користење и оваа Политика, Корисникот  изјавува дека тој/таа е информиран и изразува согласност Getlokal да ги доставува и открива неговите/нејзините лични податоци на други контролори на податоците за целите на маркетинг и рекламирање на територијата на Република Бугарија и во земјите надвор од Европската унија, кога тоа е во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци на Бугарија и другите важечки, странски закони, доколку се работи за таков случај. Корисникот има право во секое време да ја повлече својата согласност за понатамошно доставување на неговите лични податоци на трети лица, на начинот што е опишан во овој член, погоре.

 

2.4.      Откривање на личните податоци

 

Getlokal се обврзува да не открива какви било лични податоци и други информации за Корисникот или за неговото/нејзиното користење на Услугите, како и да не ги открива прибраните податоци на трети лица  - надлежни органи, компании, поединци и други, освен:

 

2.4.1.      кога тоа е предвидено во оваа Политика или во Условите за користење или кога корисникот ќе даде јасна согласност во моментот на регистрацијата или подоцна;

2.4.2.      кога тоа е потребно заради исполнување на некоја законска обврска на Getlokal;

2.4.3.      кога информациите ги бараат државни власти, судски власти или службени  лица, кои според важечкиот закон се овластени да бараат и прибираат такви  информации во согласност со законските процедури и прописи;

2.4.4.      кога откривањето на личните податоци од страна Getlokal е неопходно заради заштита на правата, правните интереси и угледот на Getlokal, т.е кога тоа е поврзано со лицата од Getlokal или Корисниците;

2.4.5.      кога информациите им се откриваат на вработените или соработниците на Getlokal заради активности поврзани со администрирање на Getlokal.com и  користење на Услугите;

2.4.6.      во други случаи утврдени со закон;

 

3. Како ги чуваме сигурни вашите информации?

 

3.1.      Политика за лица под 14 години

 

Getlokal веб-сајтот не е наменет за лица под 14 години. Getlokal нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да го известат Getlokal.

 

3.2.      Сигурност

 

Getlokal обраќа големо внимание на собирање, чување и обработка на личните податоци на Корисниците, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Бугарија и други соодветни странски закони, доколку се работи за таков случај. Во таа смисла, Getlokal ги презема сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Корисници од случајно или незаконско уништување, губење, менување, откривање или неовластен пристап. Getlokal е регистриран како контролор на податоци во смисла на значењето, предвидено со Законот за заштита на личните податоци на Бугарија.

Getlokal обраќа големо внимание и е одговорен за заштита на личните податоци на Корисникот што ги добил при обезбедување на Услугите што се предмет на Условите за користење, освен во случаи на: виша сила, случајни настани или злонамерни дејства на трети лица и во случаи кога Корисникот самиот ги направил овие информации достапни на трети лица.

 

3.3.      Права во поглед на личните податоци

 

Освен горе споменатото прифаќање на Условите за користење и оваа Политика, Корисникот потврдува дека тој/таа е запознат со правата утврдени со Законот за заштита на личните податоци на Бугарија и други соодветни странски закони (доколку се работи за таков случај), вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

 

3.3.1.      генерално право да биде информирани за сите наводи/ повикувања во врска со заштитата и обработката на податоците, кои Getlokal е должен да ги обезбеди ex-oficcio или по барање на корисникот, во согласност со важечкото законодавство кое е на сила.

3.3.2.      право да пристапи до своите податоци кои ги процесира Getlokal;

3.3.3.      право да ги коригира и ажурира своите податоци кои ги процесира Getlokal;

3.3.4.      право да бара неговите/ нејзините лични податоци да се избришат или блокираат кога тие не се процесирани во согласност со оваа Политика, Условите за користење и важечките закони кои се во сила;

3.3.5.      право да побара од Getlokal да ги извести третите лица на кои им ги открил личните податоци, за секое бришење, корекција или блокирање на податоците, освен во случаите кога тоа е невозможно или не е поврзано со прекумерна напори од страна на Getlokal;

3.3.6.      право во секое време, бесплатно и без причина да се спротивстави околу процесирање на неговите/нејзините податоци за целите на директен маркетинг, т.е од страна или од име на Getlokal или трето лице да бидат откриени на трети лица заради такви цели, согласно важечката легислатива;

3.3.7.      право да преземе дејствие пред надлежен суд за да си ги заштити правата што му се доделени согласно законите што се на сила.

 

Секој регистриран корисник преку својата корисничка сметка може да ги коригира и ажурира своите лични податоци, зачувани од Getlokal.

 

Корисникот може да ги оствари своите права од овој член со испраќање писмено барање да Getlokal, со датум и потпис и/или во согласност во било која друга законска форма која е предвидена со законите кои се во сила. Корисникот може да ги оствари своите права во врска со неговите/ нејзините податоци, самостојно или преку овластено лице (со полномошно заверено на нотар).