Ник, австралијанец по потекло, го поминал поголемиот дел од неговиот живот работејќи и патувајќи низ Европа. Започнувајќи ја својата кариера во областа на рударството со злато во внатрешноста на Австралија, тој има работено во бројни улоги и индустрии, а во последните 15 години на водечки позиции во онлајн медиумите. За време на работењето во Golden Pages Бугарија, Ник доаѓа до заклучок дека на корисниците и бизнисите им е потребно многу повеќе од само бизнис листинг и на тој начин е родена идејата за Getlokal. Тој сега се фокусира на развојот на овој бизнис како и на негово интернационално проширување. Перфекционист по природа, Ник ја комбинира љубовта кон новите и традиционалните начини за пронаоѓање на добра храна и вино за уживање со пријатели, на одлични локации. Сè што го прави Getlokal идеално место за него и обратно. Надвор од работните активности, семејството на Ник има приоритет во однос на неговата желба за нови искуства.
Марта е дел од Getlokal уште од самиот старт, преземајќи клучна улога во дефинирање на првобитната идеја, името на брендот и идентитетот како и планирањето и развојот на сајтот и неговите последователни верзии. Марта е движечката сила позади развојот на производот и се грижи сајтот да биде целосно функционален во секое време. Пред да стане дел од Getlokal, Марта беше вклучена во основањето и растот на Golden Pages Бугарија, а пред тоа, таа работела во различни улоги во Hibu UK (yell.com). Марта е посветена на создавање на одлични дигитални производи и обезбедување на најдоброто искуство за корисниците. Кога не подготвува нови производи и идеи, Марта обожава да пече и експериментира со скоро се во форма на капкејк, хоби одлично прифатено од нејзиното семејство како и остатокот од тимот на Getlokal!
Михаи го поминал неговиот досегашен живот сконцентриран на нови и социјални медиуми. Самопрогласен медиумски зависник, тој е секогаш предводник на нови идеи и начини за поврзување на луѓето и нивна интеракција. Од неговите рани улоги за веб развој во Oracle до улогата за бизнис развој на производи со CME, Михаи отсекогаш имал страст за нови производи и нови идеи. Селењето во Getlokal како лидер на операциите во Романија како и менаџирањето на развојот на производот му ја овозможи неговата работа од соништата. Фокусот на Михаи е на подобрување на Getlokal како и менаџирање на растот на сајтот. Неговото слободно време е посветено на неговата ќерка.
Мариа е главен сметководител и даноците, извештаите и пресметките се неверојатно инспиративни за неа. Нејзиното лично убедување е - силна внатрешна контрола, заедно со обезбедување на финансиски и сметководствени информации и резултати кои обезбедуваат остварување на сите нивоа на управување! Заедно со Ник, Марија го обезбедува бизнис планот и буџетот за двете getlokal компании. Останатите денови таа ги поминува загледана во сметките, сонувајќи дека еден ден светот целосно ќе се придржува на принципите на меѓународните сметководствени стандарди.
Владимир е капетанот на македонскиот брод од флотата на Getlokal. Негова главна одговорност е да го управува бродот кон најинтересните ‘места и настани’ во океанот со информации. Неговото гледиште кон препораките и коментарите не секогаш е во согласност со оние од другите земји, давајќи и на Македонската верзија уникатен, локален шмек. Владимир е исто така одговорен за развојот на два други веб проекти – Zlatna Kniga и MarketKonnekt.com.