Кинотеката на Македонија е институција од посебен интерес за Републиката, основана во 1976 година со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење. Кинотеката на Македонија располага со фонд од над 15.000 филмски копии, повеќе од 72.000 парчиња пропаганден материјал, фотографии и плакати, како и повеќе од 100.000 пишувани документи.
Ако сте овластен претставник на Кинотека на Македонија, станете негов администратор, направете го официјално и сами менаџирајте ги информациите. Бесплатно е и на неколку клика од тука.
Васко Марковски
пред повеќе од 1 година
Камо среќа да беше поблиску до центарот на градот. Институција во постојан подем, во последниве десетина години; секогаш атрактивна програма; одлично уредена, камерна кино сала; ризница на македонски кинематографски записи која, се надевам, еден ден ќе распали со секојдневно поставување македонски филмски записи на програмата.