Скопје, бул. Јане Сандански блок 3 ламела 6
прочитај повеќе... bul.Jane Sandanski blok 3 lamela 6 Веб-страна1 препорака
Вработените од постојаната екипа се љубезни и услужливи. Од време на време, во саботите, знае да улета некој чичко што најверојатно работи во друга експозитура (веројатно дежурен) чиј однос не соодветствува на односот на луѓето од постојаната екипа, на кој се навикнати клиентите: груб, сака да постави поинаков ред, како најверојатно што си е навикнат некаде на друго место, со друга клиентела, каде што тоа му поминува, или е принуден така да се поставува.
Системот за чекање ред и начинот на кој е организирано опслужувањето на клиентите, особено во саботите, е тотално не-јузер-френдли, килав, бавен.. веројатно банката штеди на персонал, па се создаваат огромни редови -- одвојте си барем еден час ако сте наумиле во сабота да плаќате сметки (додека надвор пука сонце, кафе-терасите се веќе полни и живнати, децата чекаат да ги изнесете..).
Банкоматот е приказна за себе. Општина Аердором би можела да го користи како знаменитост за привлекување туристи, со приказна: “„Најбавниот банкомат во Скопје“. Тешко дека ќе најдете во Скопје банкомат со побавен софтвер. Неодамна го ч'чнале, на подобро, но, уште е фаворит за титулата.
Превземете контрола над Вашата on-line репутација и комуницирајте со Вашите клиенти.
Бесплатно е! Започнете сега!
Виџет за место
Доколку сакате да ги искористите деталите за ова место и да ги прикажете на вашиот блог или веб сајт, само прилагодете ги подесувањата подолу и внесете го кодот во вашиот изворен фајл.