До црквата Св. Спас, сместен е еден од најшармантните локали во Старата скопска чаршија. Пивницата Стар град е оригинално и по многу нешта особено место за сите љубители на доброто пиво и одличната забава. За посетителите, на понуда се пива од речиси, секој крај на планетава, како и превкусни предјадења, грицки, но и она што за секоја пивница е особен белег - деликатесни колбаси. За потполно шармирање на гостите организирани се и вечерни настапи на познати џез музичари.